Policy - Правник за Стандардите и Нормативите за Врашенье на Деjноста на Установите за Деца / Rulebook on Standarts and Norms for the Performance of Institutions for Children

Date:
April 2014
Published by:
Official Gazette of the Republic of Macedonia
Published year:
February 2014
Is the policy document adopted?:
Yes
Adopted year:
January 2014
Adopted by:
Minister of Labor and Social Policy
Type of policy:
Nutrition policy, strategy or plan focusing on specific nutrition areas

Tabs

Legislation Details

IX. НОРМАТИВИ ЗА ИСХРАНА НА ДЕЦАТА ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА

Член 66

  1. Храната која се подготвува за децата во детска градинка треба да биде здрава, оптимална и балансирана, подготвена со биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби, квалитативен и квантитативен внес на макро и микро нутритивни материи со што ќе се обезбеди хармоничен раст и развој на детето како и превенција од заболување.
  2. Во детската градинка дополнително може да се внесува само индустриски подготвена и спакувана храна.

Член 67

  1. Нормативите и стандардите за дневни потреби од енергетски, хранливи, заштитни материи и витамини во зависност од возраста на детето се распоредени во пет групи и тоа за деца од: - седум месеци до девет месеци - десет месеци до 12 месеци - една година до три години - четири години до шест години - шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години
  2. Правилната исхрана на децата во детска градинка треба да се обезбеди преку редовен број на оброци во согласност со препорачаните количини на енергија и хранливи материи од Светската здравствена организација кои се содржани во табелите усогласени со препораките од Правилникот за правилна исхрана на населението во Република Македонија, дадени во Прилог бр. 2 и се составен дел на овој правилник.
  3. Препорачаните количини на витамини при планирањето на исхраната, треба да се зголемат за В1 25%, В2 20%, нијацин 20%, а за витамин С 50%, што е резултат на губење при припремањето на храната.
  4. За деца од училишна возраст (за деца од шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет годишна возраст) се предвидува можност за организирана исхрана во детската градинка, со обезбедување три оброка (појадок, ручек и ужина).
  5. Препорачаните дневни количини се однесуваат за престој на децата вклучени во програма за целодневен престој (од 9 до 11 часа) и со истите треба да се обезбедат 2/3 од вкупните енергетски потреби, во согласност со возрасните групи на децата.
  6. Бројот на оброците и содржината на енергетските потреби на децата треба да се димензионираат согласно со времетраењето на програмата односно со времетраењето на престојот на децата и тоа: - за целодневен престој четири оброка (појадок, предпладневна ужина, ручек и попладневна ужина) - за полудневен престој два оброка (појадок и ужина) - за скратена програма еден оброк (ужина)
  7. Распоредот на давањето на оброците на децата ги прави директорот согласно времетраењето на остварувањето на програмата. Распоредот помеѓу оброците кои ги примаат децата не смее да биде поголем од три часа помеѓу два оброка.
XI. СТАНДАРДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА
Член 75
  1. Стандардите за здравствена заштита на децата од предучилишна возраст опфаќаат следење на правилниот раст и развој на децата од предучилишна возраст во детските градинки.
  2. За реализирање на стандардите од ставот (1) на овој член, потребно е детските градинки да обезбедат:
-систематско следење на растот и развојот на децата и ухранетоста на децата;
-превземање превентивни мерки за спречување на заразни болести и превенција при повреда;
-имплементација на организациски облици на физичко и здравствено воспитание (програма за движење). За оваа активност да се исполни потребно е ¼ од времето на престојот на детето во градинката;
 
4. За видот и составот на оброкот на детето во детската градинка се грижи докторот и виша медицинска сестра.
 
Член 133
Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на детска градинка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/09).
 
Член 134
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. 
 
Бр. 11-622/1 27 јануари 2014 година Министер, Скопје 

Revision log

DateUserLogState
Thu, 05/24/2018 - 15:50zillmerkpublishedpublished
Sun, 04/01/2018 - 15:40veronika6894Edited by Veronika Polozkova.needs_review
Sun, 04/01/2018 - 15:34veronika6894Created by Veronika Polozkova.draft